Главно мени
Дома Совети Биографија Мотивационо писмо


Мотивационото писмо е документ во кој треба да внесете што повеќе лични податоци за Вас. Целта на мотивационтото писмо е да направи една слика за Вас која ќе има моќ да ја убеди селекционата комисија да ве одбере тому Вас како адекватен кандидат за работа.

Документот треба да биде личен, а во него треба да се претставите кои сте , што знаете и можете и секако што сакате. Со еден збор треба да ја ускладите Вашата биографија и Вашите цели. Затоа и треба да ги наведете целите кои Ве мотивирале да конкурирате за тоа работно место.

Селекционата комисија очекува од вас да ги ускладите Вашите цели со целите на компанијата. Затоа на овој подадток треба да се гледа реално, а тоа значи дека не треба да се измислуваат работи кои Вие би ги навеле во мотивационото а не стоите зад нив и не можете да одговорите на истите. Значи со еден збор треба да се претставите во вистинското светло.

Покрај квалификациите кои Ви се потребни за аплицирање за работа, треба да се претставите и како неконфузна личност, високо мотивирана личност и како личност која е секогаш спремна за учење и усовршување.

Пред да започнете со пишување, застанете и расмилете за себе, за Вашите цели и знаења.Пишувањето мошете да го започнете со тоа што ќе ги наведете своите цели во воведот и водедете се по претходните напомени.Може да почнете од податокот – студии, што и каде сте студирале и како вашето знаење може да се уклопи во тој програм за работа.

Целта на Мотивационото писмо е да се претставите како реална, единствена особа, токму онаква каква би сакале работодавците да имаат во својата компанија. Никој од Вас нема да очекува да задоволите некаква форма на пишување, како што се очекува во пишувањето на ЦВ, затоа пишувајте јасно и логично и немојте да претерувате во наведувањето на своите цели. Мали лаги се дозволени, но никој од Вас не очекува листа на високо поставени цели.

Уште една важна работа треба да се напомене, а тоа е дека Вашето мотивационо писмо ќе биде едно од многуте кои треба да ги прочита селекционата комисија, затоа прочитајте го убаво пред да го пратите и трудете се да бидете вистинити и во вашите искази за кои ќе можете да одговорите.

 
Статистика
Гледања на содржината : 138276
Присутни гости
Има 1 гостин присутни